100% лично
Харуки Мураками и причината зошто некои автори нè следат цел живот
Денес Мураками слави 77 години живот.
Мојот омилен писател.
Денес му е роденден на човекот што ме научи дека осаменоста може да биде топла, дека џезот е состојба на духот, дека реалноста секогаш има таен премин и дека една земја се сонува пред да се посети. Јапонија.
Но би одела и подлабоко, Мураками не го сакам само поради тие мисли. Го сакам затоа што со годините ми стана придружник, не инспирација.
Нешто што не се напушта кога ќе смениш фаза од животот, град, ритам или верзија од себе.
Некои чекаат честитки. Јас го чекам Рамбо.
„Вистинскиот напредок не е во машините што стануваат попаметни,
туку во луѓето што стануваат послободни.
Во човекот што не мора да доминира за да постои, не мора да мрази за да се чувствува силен и не мора да лаже за да преживее.
Иднината не припаѓа на технологијата,
туку на свесниот, еманципиран човек
што знае да мисли, да чувствува
и да се насмее на себе.“…од новогодишното послание на Рамбо Амадеус.
Јануари ме праша: „Што планираш?“
Јас му реков: „Да преживеам културно.“ Јануари е мој месец за одмор од светот. Немам новогодишни резолуции. Имам дозвола. Дозвола да зимувам, да одморам и да не глумам почеток.
Меѓу врвовите и внатрешната височина
Постојат врвови што ги гледаме.
И постојат врвови што се во нас.
Вистинската височина никогаш не е координата, туку состојба.
Времето има став
Во Прага сфатив нешто едноставно:
времето има став.
Градот со најстарото живо срце на механиката – астрономскиот часовник од 1410год ме научи дека прецизноста не е бројка, туку карактер.
И дека елеганцијата не е во тоа што го носиш, туку во начинот на кој го носиш времето.
Елеганцијата е тивка.
Но кога еднаш ќе ја препознаеш,
го уредува целото твое време.
Свесност: LIVE sessions Машките приказни што ни покажаа дека искреноста е најреткиот urban luxury
Во град каде што мажите со години учат да бидат силни, а ретко учат да бидат искрени, првата Свесност: LIVE сесија донесе нешто неочекувано: четворица мажи што зборуваа без штит, без фасада, без притисок да изгледаат „во ред“. Во петок попладне што мирисаше на доцна есен, спортот, медицината, медиумите и терапијата се сретнаа на едно место, не за да дадат совети, туку за да кажат вистини. Ова не беше MOVEMBER. Ова беше нешто подобро: навика на искреност.
Митологијата како метеорологија: два света, грчкиот и италијанскиот го понесоа олимпискиот пламен кон Споменикот на Пјер де Курбетен, каде што почива неговото срце…
Денешниот миг имаше тежина што не можеш да ја реплицираш ниту со проба, ниту со снимање.
Иако пламенот беше создаден пред повеќе часови, заради прогнозите што требаше да ја нарушат церемонијата, само денес изгледаше како да се раѓа пред нас.
Тоа е силата на Олимпија: да го претвори однапред снименото во нешто што пулсира во реално време.
Тука времето понекогаш игра за ритуалот, а не обратно.
Под истото небо, различни височини: Битола нема море. Но има небо и луѓе што го освојуваат. Луѓе што гледаат кон него не заради надеж, туку од навика
Овој викенд, небото над Битола беше повисоко од вообичаено.
На спортскиот аеродром на Аеро-клубот „Мирко Тодоровски”, моторите зуеја како стара плоча што конечно ја слушаш во живо, со луѓе што не заборавиле како звучи восхитот.
Се славеше векот на авијацијата, сто години од првиот лет, од првото „ајде да пробаме“, од првата идеја дека оваа земја може да се гледа и одозгора.
Филозофијата на вистинскиот ручек: Охрид на крајот на летото е како реченица што не сакаш да ја завршиш
Пишувам нов текст за Нулта, за филозофијата на вистинскиот ручек. Не затоа што сакам уште еднаш да опишам мени или да ги набројам чиниите на масата, туку затоа што вистинскиот ручек за мене одамна е нешто повеќе од јадење. Тоа е филозофија на живеење.
Шаблонска естетика: Градови облечени од истиот алгоритам и болест наречена купување на попуст. Летото алиби за шопинг, попустот изговор за несовесност
Кога сите изгледаат „посебно“ на ист начин, модата престанува да биде стил и станува костим за социјална верификација.
Добредојдовте во униформираното време, каде попустите се најомилениот дел од годината.
БОЗА, ШЛАГ И ГЕНЕТИКА НА СПОМЕНИТЕ. ‘АТ ПАЗАР‘ на семејството Јашаровски е жива меморија на градот, сервирана на метална чинија
Јадам индијанки и пијам боза. Сè друго може да почека.
Ништо не е далечно кога личи на заборавен дел од тебе. Во Глобочани не се оди случајно. Или ќе те донесе некоја мисија, или нешто подлабоко што нема име
Еден ден во Мала Преспа што не беше патување, туку сведоштво. За писателот Стерјо Спасе. За жените од Глобочани и Долна Горица. За калта, крапот, тишината и отпорот.
Музејот како прибежиште.Понекогаш тагата е најгласна кога никој ништо не зборува. Часови за тишина
„Можеби музејот е демант на идејата дека тагата е слабост, а тишината – опасност.“
Нишка што не прекинува. Живееме само во тишина. Се додека не не‘ згази
Не пишувам за да се вратам.
Пишувам затоа што молчев, но не можам да прифатам дека некои работи ќе поминат.
А нема ништо поопасно од жена што молчи – а може да ти каже сѐ.
Црвениот тепих: Единствениот вистински победник на Оскарите или како една нијанса на црвено има повеќе кредибилитет од Академијата
Некои добиваат Оскар, некои само гледаат како Академијата тестира нови облици на хаос. А некои, како Steve Olive, се грижат единствената константа на вечерта – црвениот тепих – да биде беспрекорен додека сите останати глумат дека нешто значат.
Една вечер, на необична изложба, напишав: „Овде живее тешка ментална социјала“… и стојам зад тоa
Имаше само една бела патека која ве канеше да чекорите и – ако сте доволно храбри – да оставите своја порака. Белината во таа црнина изгледаше како пат што води или кон просветлување или кон невидлив амбис.
АНТИЛОГИКА И ПРОФАШИЗАМ: Ќе ја укинеме ли логиката, а и нејзините сестри, етиката и филозофијата?
Во нашиот, и онака фрагилен образовен систем, во кој наизменично ‘стратешки‘ му се додава и одзема, на кој како ќе му текне зависно од актуелната политичка ориентација, во која децата едвај се снаоѓаат и развиваат отпор кон восприемање на знаење, најмалку што ни требаше е да ги отстраниме науките кои го хранат умот и духот.
‘ПОДОБРО ЈАС‘: Зошто на курсевите за личен развој 95% од учесниците се жени?
За присоединување на женската и машката енергија кај секој од нас, веќе и врапчињата знаат, а знаат дека и жените тоа добро го спакуваа во последните 50-ина години. Ја разбудија машката енергија, се организираа, приоретизираа, еве ги менаџираат. Но не е тој напор и преместување на лежиштето без одреден цех.
ВТОРО ПРОДОЛЖЕНИЕ на текстот ‘Триесет и четвртиот маж‘: Тој е она што не е! Да е жена, не би поминал
‘Земи ме за своја драга и тогаш да се венчаме. Љубовта до смрт ќе исчезне ако предолго се двоумиме.’ Роберт Херик
Некој кутар селски благородник со име Алонсо Кихада решил да биде витез скитник и се нарекол Дон Кихот од Ла Манча. Како да се дефинира неговиот идентитет? Тој е она што не е.
ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ И ВАСИЛИЦА: Таму каде што вистината носи маска. Луѓето молчат, маските зборуваат
Оваа Василица, ако си во Битола – врти го мазникот и моли се паричката да ти падне и да имаш 5 минути слава во друштвото и на социјалните мрежи. Ако си во Вевчани – отвори ги очите. Никогаш не знаеш што ќе ти се падне таму. И кој ќе биде зад следната маска.
Честита Василица. И запомнете – маските може да кријат, но секогаш кажуваат повеќе отколку што треба.
52 НИЈАНСИ НА БЕЛО: Што е со митот за Ескимите и нивните 52 зборови за снег? Тие знаат дека снегот не е само ‘снег‘
Снегот – совршенство што паѓа без причина. Има нешто бесрамно во начинот на кој снегот паѓа. Не бара дозвола, не прави врева. Само се појавува – совршен, молчалив и леден. Овој опис Кери Бредшо, го кажа во една своја реплика, мислејќи на средба со бившиот дечко на некоја журка на Менхетен и додаде дека, ова е и добар опис за снегот.
ХОЛИВУД И ГЛАД ЗА ПРЕГЛАДНЕТИ ЖЕНСКИ ТЕЛА: За ‘Оземпик‘ и други супстанци
Пред неколку дена беа доделени наградите „Златен глобус“, втори по важност по Оскарите. За најдобра женска улога ја доби Деми Мур за филмот „Супстанца“, филм кој добро ја нијансира и гротескно ја критикува таа пресија на ентертејмент-индустријата „ѕвездите“ да изгледаат перфектно според наметнатиот стандард и да не стареат доколку сакаат да останат во игра.
Од необјавениот текст ‘ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТИОТ МАЖ‘: Некои жени во животот играат главни, некои споредни улоги…
На човек му е одбојно да слуша проповедање за својот живот во интерпретација поинаква од онаа неговата.
Лага е дека младоста прифаќа нешта што староста би ги одбила да не мора.
Зошто ја обожавам Џејн Фондa?
После сите мажи во нејзиниот живот, оваа харизматична икона во едно ТЕД обраќање вели: не знам што би правела без моите женски пријателки, ЖИВА сум единствено поради моите женски пријателки.
Мојата убавина ја снема
Што зборуваше Џејн Биркин, една од најубавите жени на светот за животот и убавината што исчезнува.
Виртуелна љубов што остава на цедило
Социолозите сметаат дека социјалните мрежи уше повеќе ги отуѓија луѓето. Се‘ е достапно но никој не е навистина достапен.
НЕШТО ЛИЧНО
Едно писмо до сите девојчиња, девојки и жени. За животот, за нас, за мажите на нашиот живот, за нивните и нашите мајки, за взаемната љубов.
‘Кобра Кобра’ од Фејсбук и дали „удварањето“ е мртво?
Удварањето“ или поскорешно „пуштањето“ полека се пакува во историјата
„Шеиците“ од Скопје
Во Скопје повеќето мажи имаат жена, девојка, ситјуешншип, свеж флерт и неколку пендинг чета
“Криза” на средни години кај жените
Да, криза е, и затоа е потребно делување, а тоа значи повторно пронаоѓање на жената која таа ја
познава и ја сака. На овој начин таа ја отфрла површната судница од надворешниот свет, го негува својот внатрешен бескраен свет, бидејќи во меѓувреме избледувал, или се менувал, светот кој сега конечно го прегрнува и на тој начин станува посилна од кога и да е



































