Не мора сè да биде настан.
Понекогаш е доволно пладне, добро кафе, заедница од луѓе што имаат исти критериуми за естетика, на повеќе нивоа и сериозно селектирана музика.
Во една битолска кафетерија, слушањето почнува да станува навика, а матинеата тивка корекција на културата што предолго мислеше дека мора да биде гласна за да биде важна.