Низ Град
Pan Pan – baguette à la Skopje. Не е само пекара. Пауза. Ритуал. Простор каде што лебот не е само производ
Ова не е приказна за леб. Ова е приказна за сè што ни фали – и ретко го добиваме.
Гест. Мера. Време. Вкус што не е камуфлиран со вештачки ароми.
Во PanPan не влегуваш гладен. Влегуваш да уживаш, а излегуваш со трошки по прстите и чувство дека животот, можеби, сепак е во малите уживања.
Убави случувања во мај: промоции на книги, концерт, часови за готвење, саем на книга, има за секого по нешто.
Следете ги нашите листи на настани во Скопје, што му даваат интегритет, печат и убавина на градот. Не пропуштајте…
Некој купува билборд. Ние купивме кафе – за оној што нема. Не е нов тренд. Нешто почовечко. Тоа е братСКО
Во Скопје ретко прашуваат „како си?“.
Ама сѐ уште има луѓе што знаат како е.
Некој секое утро купува кафе – за некој што нема.
Без селфи. Без фанфари. Само едно ливче на маса:
„почастено.“
Не е тренд. Не е концепт.
Ова е за град што треба да учи како е да се биде човек.
66 денари што не прават селфи.
Нема loyalty картичка за ова. Нема лого. Нема гласен линк.
Само мирис на кафе. И чувство дека не си сам.
Се вика БратСКО.
И не е за секого.
Туку за тие што разбираат – како е кога ти треба нешто топло, а да немаш пари.
Или уште потешко – волја.
Кафе Дабов: Овде секоја шолја има пасош. Ова не е место. Ова е карактер. Ова е музика со вкус
Кафе што не простува незнаење. И тоа е добро. Не сум љубител на слатко кафе. Ни на слаткоречиви кафулиња и слични луѓе во таквите места. Сакам вистина, сервирана топло, без пена и без лага.
Тајната состојка во колачето со лимон на Ева е – љубов. Како и во секој друг производ што излегува од нејзините раце
Ева има 21 година и има своја пекарница. Во неа вложила многу љубов, својата заштеда и својот сон. Тоа се гледа зад стаклото на витрината од која мириса на цимет, лимон и убавина.
ДУПЛО: Кафе со гравитација. Дупло не е место за кафето да се пие без да се забележи. Секоја голтка е став, секоја шолја – декларација
…тука мислам на кафе што има тежина – не само физичка, туку и симболична. ‘Гравитација’ во овој контекст означува кафе што те држи цврсто во моментот, што има длабочина и присуство, кафе што не е лесно, површно или случајно.
Исто така, тоа е игра со зборови: ДУПЛО како концепт подразбира нешто посилно, потешко, подлабоко – кафе што има сопствена привлечност, што те враќа, што создава своја орбита од луѓе што знаат што сакаат.
AURUM не тежнее кон врвот. Тој веќе е таму. Аурум не е комплициран. Тој е чист, прецизен, генијално едноставен
Некои ресторани се отвораат. Некои стануваат институции. Битола е град што не брза. Тука времето тече поинаку, традицијата има тежина, а вистинските вредности не се мерат со хајп. Затоа, некои места се појавуваат, светат кратко и згаснуваат. Некои ветуваат многу, но не останува ништо зад нив.
Освен AURUM.
091 HOUSE: Каде што кафето има став, а бањата – бамбуси. Гламур со став, пријатно со доза мистерија
Не знам дали прво се заљубуваме во местата или во чувството што ни го даваат. Но, знам дека некои места не се само барови или кафетерии – тие се сцена за нашиот живот. 091 HOUSE е токму такво место.
КАКО СЕ ПРАВАТ ПОСТАРИ И ПОУБАВИ ГРАДОВИ: Во нив Диоген нема да добие споменик
Градењето велелепни споменици за сиромашни граѓани не е ништо ново. Градот или градбите често се медиум за развивање на утописки проекции, создавање на свет во мало.
ARTQUAKE: Катарзичниот повик на Битола кон иднината, не само уметнички настан туку културен феномен
На 26-ти декември, Битола на два часа беше платформа на која уметноста и технологијата го предизвикаа концептот на реалност. Пациото на Завод и Музеј беше не само сцена, туку жив организам – простор каде што уметноста престана да биде предмет, а стана искуство.
УБАВИ КНИЖАРНИЦИ: Места каде што се разгорува љубовта кон книгата и неопходноста од неа
Книжарницата секогаш ќе остане романтична тезга на букинистот. Книгата останува незаменлив чувар на информациите без разлика на техничко технолошкиот развој.
ШАРЕНИ КОНТЕЈНЕРИ: Зошто контејнерите за селектирање отпад се жолти и модри, па не се уметнички инсталации
Контејнерот не е знаме со него да се мавта пред очите на јавноста. Тоа е место каде што се фрла ѓубре. Или се рециклира отпад.
БОНОБО ВЕ ЧЕКА: Бистро во кое никогаш нема да биде исто како на некое слично место. Шармантно и релаксирано
‘Бонобо‘ е место со перспектива. Место во кое човек се чувствува слободно и сигурен во она што го јаде.
ГРАД БЕЗ ИЗЛОЗИ: На скопските трговци не им требаат уредени излози за да продаваат. Тоа го сметаат за непотребен луксуз
Идат празници, а со нив и празничните излози што како и секоја година во Скопје ќе изостанат.
ЗА ГРАДОТ И ЧОВЕКОТ
Владимир Пиштало напиша една многу значајна книга со уште позначаен пролог. Тоа е „Милениум во Белград“.
Градоначалникот со бели ракавици
Белешките што ги оставиле хроничарите на градот кажуваат за неговите долги прошетки по Скопје, непосредните разговори со граѓаните што ги среќавал попат.
Железничка станица без возови и без мурал
Имало многу начини да се зачува големо дело на Лазески, да им се покаже на патниците какво богатство уништил земјотресот, но тоа не е направено. Зошто?