Сонувачите на светлината: изложбата посветена на Илија Кочовски не беше само омаж на еден уметник, туку средба меѓу двајца пријатели што веќе не се меѓу нас, но преку своите дела продолжуваат да му даваат пулс на градот
Илија Кочовски е еден од оние уметници што не се забораваат. чекорот.
Тој ја имаше таа ретка дисциплина да го остави неважното надвор од платното. Во неговите предели нема драматични гестови… има простор. Простор што дише.
Можеби затоа, и по неговото заминување, неговите дела сè уште делуваат свежо, современо, речиси неоптоварено со време. Како уметник што го зел најважното од светлината и го врачил назад на светот, без вишок, со искреност на човек што точно знае што сака да каже.
Илија Кочовски не сликаше пејзажи.
Тој сликаше внатрешни простори.
И токму затоа, секогаш кога ќе се соочиш со негово дело, се чувствува како кратко враќање дома.


