Монголија и Олимпијадата. Костимот сака да раскаже приказна, без да се крши да ја објасни
Сите пишуваат за дизајнери. Јас пишувам за Монголија.
Има еден мал, повторлив циркус пред секоја Олимпијада. Светот се прави дека зборува за нации, а всушност зборува за брендови. Кој го „облекол“ кого. Кој извадил поефикасен визуелен hook.
Ова е моментот кога националниот идентитет се сведува на гардеробер со табличка: styling. Затоа ми беше освежувачки, скоро терапевтски, што моето внимание не го украде ниту Франција, ниту Италија, ниту некој моден гигант што ја користи Олимпијадата како billboard со ракави.
Ми го украде Монголија. Не затоа што нивната церемонијална облека за Milano Cortina 2026 е „најубава“ на оној начин како што интернетот го користи зборот: wow, slay, iconic. Туку затоа што има нешто поретко од убавина, а тоа е сигурност.
Монголија не излезе на сцената за да биде сакана. Излезе за да биде препознаена. И тука почнува приказната што вреди да се раскаже во НУЛТА.


