Книгите не знаат да пливаат
Во првиот век пред нашата ера горела Александриската библиотека. Денес, повеќе од две илјади години подоцна, една поплава во Скопје нè потсети дека цивилизацијата сè уште се мери со тоа како ги чува своите книги. Една недела по катастрофалното невреме што го уништи „Антолог“, издавачката куќа денес одбележува 27 години постоење. Наместо роденденска прослава, ја води најтешката битка во својата историја.


